Министерот за одбрана на Косово Арменд Мехај повика на итно членство на Косово во НАТО и побара од САД да воспостават постојана американска база на Косово. Тој ги повика и сите земји кои се двоумат да го признаат Косово, тоа да го направат во најкраток можен рок. Исто така истакна дека формирањето на постојана американска база е итна потреба за гарантирање на мирот,безбедноста и стабилноста на Западен Балкан и пошироко.