Со здравица, 50 години брак прославија вчера Кемаледин и Емине Арсланови Големиот животен момент тие го одбележаа со своите најблиски , задоволни , достоинствени и горди на тоа што го постигнале во животот, зашто пред се израснале две деца и добиле пет внуци.
За Арсланови нивниот половина век долг брачен живот, поминал брзо, со многу предизвици, искушенија и бескрајно среќни моменти. Во сите нив, се снашле и опстанале со силна верба еден во друг, но и за нив многу важен детал.
И по пет децении заеднички живот кај сопругата на Кемаледин, Емине сеуште се свежи сеќавањата како се започна.
Семејната хармонија се оддржува со зборот на главата на семејството,тврдат синовите Орхан и Караман.
Вакво славеничко оро на Кемаледин и Емине да го водат уште долго им посакаа нивните блиски, но и ние.