Во недела ќе се играат четвртфиналните средби во Државната пионерска лига, девојки. Според ждрепката, во Штип, во 11 часот во недела во салата на ОУ Тошо Арсов играат Астибо и Скопје. Тренер на екипата на Скопје е поранешната репрезентативка Адријана Будимир..
„Во четвртфиналето се игра по една средба. Победниците во 4 средби ќе играат во фајнл форот. Ние имаме тешка задача, бидејќи Скопје ги негува младите генерации ракометарки.. Средбата во Штип ќе биде интересна. Очекувам и добра посета …“- изјави тренерот на Астибо, Дејан Величков