Тројца велешани се фатени на дело во обид за кражба од паркирано возило во Штип информираат од штипскиот СВР. Обидот за кражба се случил на улицата Димитар Влахов во вечерните часови. По комплетирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.