15.1 C
New York
Tuesday, May 17, 2022

Buy now

spot_img

Камион утринава удри во наплатната рампа Кадрифаково, на автопатот Штип –  Миладиновци. Штетата е голема , жртви нема. 

Камион утринава изгуби контрола и удри во се уште неизградениот наплатен пункт Кадрифаково, на автопатот Штип  – Миладинивци. Страотниот удар по кој за среќа жртви нема го блокираше сообраќајот на одредено време , а полицијата правеше увид на лице место.

Камионот доаѓал од правец на Штип, а зошто завршил во недовршениот објект има повеќе претпоставки. Најчеста, во вакви прилики е дека брзината била неприлагодена или пак, возачот бил со намалена концентрација.

Кои се причините за несреќата  ќе се утврдува дополнително , но возачи се жалат дека недостатокот на претходна патна сигнализација и предупредување , можеби во случајов биле и пресудни камионот  да заврши во објектот во градба.

Според првичните информации на Јавното претпријатие за државни патишта, во незгодата е предизвикана голема материјална штета:

Од ударот во кабината предизвикано е оштетување и на опремата на Наплатната станица, односно на самите ленти на кои се поставени наплатните ленти. Конкретно, целосно се оштетени две автоматски бариери – задни рампи, а исто така целосно се оштетени два линиски контролери. Има и оштетувања на друга поставена опрема, како држачи, столпчиња и слично, информираат од Државни патишта.

Ова на неодредено го одлага  ставањето во функција на наплатниот центар , нешто што беше планирано за мај.

Освен, кај Кадрифаково, идентичен ризик при несоодветна брзина и сообраќајна сигнализација има и кај втората наплатна станица на автопатот Штип Миладиновци , па надлежните повторно предупредуваат за поголема внимателност.

Заради изведување на градежни работи на патниот правец Миладиновци – Свети Николе – Штип, односно на делниците Кадрифаково и Преод, сообраќајот се одвива согласно одобрениот времен режим на сообраќај. На возачите им се препорачува внимателно возење и почитување на поставената сигнализација, информираат од АМСМ.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,313FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles