Изградбата на водоводот во Каваклија и Блок 77 е проект на Министерството, а не на Општината, реагираа преку писмено соопштение од Транспорт и врски.
Средствата за реализација на овој проект се целосно обезбедени преку централната власт од буџетот на Министерството за транспорт и врски, во висина од 8,7 милиони денари. Проектот за изградба на овој водоснабдителен систем е инициран од граѓаните во овие населени места и истиот е предвиден во буџетот на Министерството за транспорт и врски минатата година. Преку реализација на овој проект излегуваме во пресрет на жителите на овие населби во Штип, како и останатите жители каде се реализираат бројни проекти со средства од Министерството за транспорт и врски.
Покрај овој проект, во општина Штип завршивме со изградба на водоснабдителен систем во населбата Македонка, во моментот работиме на реконструкција на улиците „Панче Караѓозов“ и раскрсницата на Сењак, а оваа година ќе започне реконструкцијата уште на три улици во Штип, „5-ти Конгрес“, „Браќа Даневи“ и „Солидарност“, за што вкупно инвестираме 53 милиони денари, стои во соопштението.