Штип денес по 79 пат се сеќаваше на депортацијата на дел од своето некогашно население – членовите на еврејската заедница. Вкупно во логорот Треблинка биле депортирани 551 штипски евреин.
Почит на депортираните евреи оддаде градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов, со порака ова никогаш да не се повтори.
На комеморијалната седница присуствуваа и амбасадорките на В.Британија Рејчел Галовеј и САД Кејт Мари Брнз.
Штипските Евреи се доселиле на почетокот од Османлиското владеење во 16 век како бегалци од Пиринејскиот полуостров, а нивното постоење и придонес на овие простори е евидентен се до нивното депортирање.