Теренскиот увид во состојбата на локалниот пристапен пат до маало Требеш, во село Саса утврдил потреба од низа за санација на овој локален пат во Македонска Каменица. Поради ова, по подобрувањето на временските услови од Општината најавуваат активности за замена на старите и дотраени пропусти и уредување на површините околу коловозниот дел.