Премиерот Еди Рама на средба со снабдувачите на горива, најавил дека ќе се формира национален одбор за снабдување со гориво кој дневно ќе носи одлука за цената на горивата и предупреди дека секој кој нема да ја почитува ќе ја изгуби дозволата за работа. Според Рама одборот ќе врши моноторинг и ќе преземе мерки за спречување на злоупотреби со цената на горивата.