Еден литар масло за готвење во Косово вчера се продаваше по цена од 3,49 евра и според косовскиот премиер Албин Курти таа е највисока во светот. Цената за два дена се зголемила од 1,6 на 3,49 евра. Косовските медиуми направиле споредба со другите земји според кои еден литар масло во Македонија чини 1,59 евра, во Англија 1,3, а во Германија 1,79 евра.