Доброволното противпожарно друштво – Кочани е во процес на собирање финансиски средства преку донации за набавка на теренско интервентно возило за потребите на пожарникарите – доброволци. За таа цел, на онлајн платформа веќе е отворен линк за донации каде граѓаните може да донираат од 100 до 6000 денари. Во моментот, за превоз на доброволците се користат сопствени возила или возила на ТППЕ – Кочани. Преку донации , досега, обезбедена е работна и интервентна опрема, комуникациски уреди, а во кругот на кочанската пожарна во процес е и реновирање на објект кој ќе биде наменет за Доброволното противпожарно друштво.