Делчево се подготвува за одбележување на Светскиот ден на водите. Избор на најдобра фотографија од Делчево и Брегалничкот регион на тема „Вода за живот“ , како и натпревар –штафетна трка за ученици од основните училишта, се дел од активностите кои се подготвуваат во рамките на Проектот за подобрување на водоснабдувањето во Делчево, финансиран од Швајцарската Влада.