Во текот на наредните пет дена, Општина Кочани и СОУ „Љупчо Сантов“ се домаќини на 26 ученици и 10 наставници од Полска, Шпанија, Турција и Италија, во рамките на проектот „Учење и предавање на природни науки и математика преку ИКТ“, кој се реализира како дел од ЕРАЗМУС+ програмата. Основната идеја на проектот е да се применат иновативни методи и техники во образовниот процес за учење на наставните предмети математика и хемија, со цел да се промени мислењето на учениците дека темите од овие предмети се тешки за совладување.