Цевководот од Злетовица до Крабинци ќе биде изграден побргу од планираното. Ова го ветува солидната динамика на завршување на работите која може да заврши најмногу за три месеци, прогнозираат од општината.
Во тек се активности за тестирање на водата и прилагодување на системот, а со оваа динамика на работа, водата од Злетовица во карбинската општина може да стигне веќе наесен.
Изградбата на цевководот долг 18 километри, е инвестиција од 40 мил. денари, а средставата се обезбедени од Министерството за земјоделство.
На средбата се разговарало за досегашните спроведени проекти, дел од нив од особено капитално значење, како што се водоводни, инфраструктурни и културни проекти. Се разговарало и за можностите за меѓусебна соработка меѓу двете општини, а стана збор и за збратимување на општините Кочани и Перник.