Премиерот на Албанија, Еди Рама изјави дека неколкудневните протести на граѓаните поради поскапувањето се во интерес на Русија, бидејќи само во земјите што ја подржуваат Украина има такви протести против растот на цените. Рама објаснува дека војната и кризата не се проблем само на украинскиот народ, туку и на сите европејци, и растот на цените е последица на оваа криза.