Беспилотното воено летало, што на крајот на минатата недела падна во Загреб е на украинските воени сили и носел бомба наменета за руските воени позиции во Украина. Извесно е дека авионот излегол од контрола и наместо во Украина завршил во Загреб, каде што паднал кога останал без гориво. Хрватскиот премиер Пленковиќ изјавил дека понатамошната истрага ќе утврди дали се работи за човечка или техничка грешка,саботажа или намера.