Зголемените приходи на Фондот за ПИО не се доволни за покривање на дефицитот за исплата на социјални бенефиции за 2020 година, кои се одвојуваат од Буџетот на државата и учествуваат со 38,4 отсто во вкупните приходи. Ова го посочува Државниот завод за ревизија во конечниот ревизорски извештај на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување што го објави денеска.