Новиот минималец се уште не е исплатен, а цените веќе го изедоа. 18 000 денари сега вредат помалку од минималните 15 500 денари што е причина за кратка среќа и ново разочарување на работниците.
Имено, Основната престметка покажува дека со 18 000 денари тие ќе можат да купат само 22 вреки брашно, 180 литри зејтин, околу 50 килограми месо и т.н.
Во истовреме, многу високо отидоа и цените на бензинот и струјата па се поставува прашањето Дали со него Синдикатот извојува Пирова победа во борбата со цените?
Без оглед на високите цени и намалениот куповен потенцијал, потршувачката е зголемена.
Во вака предизвикувачки денови најчестото прашање е до кога сето ова ќе потрае?