Синоќа на магистралниот мат Радовиш-Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило со штипски регистарски ознаки управувано од К.Т од Штип и возило со велешки ознаки, управувано од И.М с.Сливник велешко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот К.Т и сопатникот од возилото со велешки таблици, кои биле констатирани во Клиничкиот центар во Штип.