Во рамките на втората кошаркарска лига штипскиот КК Соколи го порази битолскиот Хераклеа со 104 – 81 кошеви. Штипјани беа супериорни во секој поглед. Постигнаа 13 “тројки”. На натпреварот, шанси добија и помладите кошаркари. Со оваа победа КК Соколи ја продолжува трката за второто место на табелата кое води во Првата лига.