15.9 C
New York
Friday, September 22, 2023

Buy now

spot_img

Текстилот се враќа во живот. Војната во Украина на нашите компании и донесе многу работа 

Текстилните компании во Македонија имаат огромна шанса да се вратата во живот и да обезбедат работа за долг период однапред. Војната во Украина за нив сега е спасоносна, бидејќи нарачки за работа стигнуваат од секаде.

Освен многу работа текстилците сега се во можност да бараат и повисоки цени, бидејќи нашите капацитети се помали одколку што има работа.

Освен текстилците повеќе нарачки и работа очекуваат и чевларите на кои со италијанските партнери во последните години им оди многу тешко.

Но, ненадејно створената шанса за ревитализација голем број текстилни компании може и да ја пропуштат, бидејќи во нив нема кој да работи.

Без оглед на реалните тешкотии со недостаток на работници за економистите враќањето во живот на текстилниот сектор е исклучително важен за сите.

Текстилната индустрија во државата последните неколку години бележи стагнација поради која се соочи со масовно губење на работници и намалување на работниот потенцијал. Во моментов таа ангажира околу 35.000 лица кои се на крајот од својот работен век, но кои сепак за државата обезбедуваат 13% од вкупниот БДП и 27% од вкуопниот извоз.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,867FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles