Македонија и Бугарија потпишаа меморандум за соработка во областа на спортот и младите. Дел од предвидените активности подразбираат и одржување на Ултра маратон на територијата на Македонија, Бугарија и Албанија. Од страна на Агенција за млади и спорт е предложено одржување на средношколски игри во Охрид со учество на над 600 учесници од двете земји. Друга активност , со која се дополни оперативниот план е посета на Младинските центри во Бугарија, кој работи согласно стандарди на Совет на Европа, со цел размена на искуства.