Денеска се одржува меѓународната конференција на тема “судска независност низ реформскиот процес – очекувања и реалност”, во организација на Здружението на судиите на Македонија во соработка и поддршка на Амбасадата на САД во Македонија. Американската амбасадорка во земјава Кејт Брнз рече дека истражувањата покажуваат дека само 8% од Македонците веруваат во судските органи. Таа истакна дека враќањето на довербата може да се постигне само ако сите судии одат над и подалеку од заклетвата што ја дале. Порача да се менторираат нови судии, и потоа да се пофалат со независност кога ќе се соочат со притисок од надвор.