Лекарската,Фармацевтската и Стоматолошката комора бараат Законот за заштита на лични податоци да не се имплементира во приватните здравствени установи со мал број вработени. Според нив во здравствените установи со двајца вработени нема кој да биде обработувач на лични податоци, а кој контролор. Исто така истакнуваат дека тие и онака имаат обемни обврски кон институциите кои ја контролираат нивната работа, а со овој Закон се оптоварува ефективното време кое треба да им биде посветено на пациентите.