16.6 C
New York
Saturday, September 24, 2022

Buy now

spot_img

Оризопроизводителите се пред голема дилема. Ориз оваа година да сеат или нивите да ги остават

Производителите на ориз немаат време да размислуваат и одлука дали годинава оваа култура ќе ја сеат или не, треба да донесат веднаш. Новите цени на вештачките ѓубрива и препарати на нив речиси не им даваат шанса за рентабилно производство.

Според размислување на земјоделците може да се случи дури 90 % од оризовите површини да останат непосеани. Дали имаат алтернатива:

За оризопроизводителите, зголемените за 300 %  цени се со неподнослива тежина , а заедно со неа е и половината непродадена реколта од минатата година.

Со одлука на Влада, 2 милиони евра ќе бидат наменети за субвенционирање на трошоците за ѓубрива, но од овие пари оризопроизводителите нема да добијат ништо, бидејќи тие се наменети за производство на пченица и јачмен.

Доколку се беше во ред, плановите предвидуваа сеидба на ориз на 4.500 ХА , но сега до последен момент не се знае колку од нив ќе бидат посеани или заменети со други култури.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,500FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles