13 C
New York
Wednesday, September 28, 2022

Buy now

spot_img

Криминалци влегле во голем ризик и ја оштетиле виталната доводна цевка за кислорот во штипската Клиничка болница

Засега непознати, насилно се обиделе да ја отворат вратата на гас станицата во Клиничката Болница Штип. Во намерата тие ја оштетиле виталната доводна цевка за кислород во болницата, со што самите влегле во огромен животен ризик, но во ризик можеле да ги стават и Ковид пациентите, но и оние над кои се извршуваат операциони зафати или се врши реанимациона постапка.

Криминалниот обид најверојатно е извршен рано утринава за што веднаш е известена полицијата.

Има ли крај нашата нечовечност и дивјаштво? Обид за кршење на вратата на гас станицата и свиткана и поткршена цевка за кислород ( намера или кражба? ). Па разбирам сиромаштија и пакост, ама не  по цена на човечки живот!!!Таа цевка носи кислород што некому живот значи, но за вас ништо не е свето. Пациентите за среќа не се загрозени, реагираше директорот на Болницата Ален Георгијев.

Многу веројатно е дека тие што влегле во овој предизвик не знаат каква трагедија можеле да предизвикаат. За среќа доводот не е сериозно оштетен, а претпоставка е дека криминалниот чин не е завршен поради недостаток на време.

Од болницата велат дека ќе преземат дополнителни мерки за обезбедување на овој витален објект, од чие функционирање зависи здравјето, а во некои случаи и животите на некои пациенти.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,506FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles