Во 2021 година во земјава биле активни 72.922 деловни субјекти што е намалување за 0,2 проценти во однос на 2020 година. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека за 2,6 проценти е намален бројот на деловни субјекти во секторот уметност, забава и рекреација, а најголемо зголемување од 13,6 проценти има во секторот Снабдување со електрична енергија и гас.