Општина Чешиново Облешево потпиша договорот за набавка на возило за собирање и транспорт на цврст отпад . Со ова, комуналниот отпад ќе се собира уште во неколку населени места од општината. Набавката на возилото се реализира со кредит од Меѓународната банка за обнова и развој преку Проектот за подобрување на општински услуги.