Ноќва почнува летното сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час напред, што значи дека наместо два ќе биде три часот по полноќ. Часовниците се поместуваат двапати годишно, на последниот викенд од март и октомври. Поместувањето кон летното, односно зимското сметање на времето е со цел да се заштеди енергија.