По две годишна пауза, се одржа Злетовскиот маскенбал на кој учествуваа учениците од подрачното училиште “Кирил и Методиј”. Учениците ги претставија маските кои ги изработија заедно со своите ментори, а жирито одбра три најдобри маски кои ќе го претставува училиштето на Пробиштипскиот маскенбал.