13 C
New York
Wednesday, September 28, 2022

Buy now

spot_img

Сточарската приказна продолжува . Откупните цени на јагнињата и годинава им носат загуби

Откупните цени на јагнињата и годинава на сточарите им носат загуби.  Акуелните 160 денари за килограм жива мера според нив се доволни само за елементарните трошоци. Добивка немаат.

Првиот откупен период беше почетокот на март кога некои од сточарите речиси ги продадоа сите јагниња, но добар дел од нив на продажба се надеваат сега , во периодот пред католичкиот Велигден, но не со оваа откупна цена од 160 денари.

Проблемот со откупот и со цените за сточарите е најголем: Решението е во навремен и континуиран откуп.

Од Министерството за земјоделство посочуваат дека цените се формираат пазарно, и оттука тие не можат да бидат посредници помеѓу сточарите и откупувачите, но тврдат дека прават се’ , сточарите да бидат заштитени на поинаков начин.

„ Кај овчарството се воведе дополнителна мерка во  износ од  400 денари по грлојагне  предадено кај регистрирани кланични капацитети. Со воведувањето на оваа мерка ќе зголемат контролите во овчарството преку дополнителни проверки на бројот на заклани јагниња во однос на бројот на пријавени грла овци“ , се вели во информацијата од Министерството.

Годинава, за откуп се нудат околу 120.000 јагниња и по обичај тие завршуваат во Западна Европа . Само еден дел од околу 30 % останува на домашниот пазар.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,506FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles