По 1.000 дополнителни денари на пензиите од утре ќе им се исплаќаат на пензионерите како директна финансиска помош која им ја обезбеди Владата . Помошта се однесува на 330.000 пензионери која, освен во март, тие ќе ја добијат и во месеците април и мај. Колку овие 1.000 ден плус ќе им помогнат на пензионерите:
Што со овие 1.000 денари и со новите цени пензионерите можат да купат:
Според моменталната ценовна состојба, можностите се намалени и со 1.000 денари пресметано во основни артикли може да се кули следното.
9 литри зејтин, 25 кг. брашно, 25 л. млеко , 3 кг. месо , 3, кг. сирење , 8 кг грав , 25. кг шеќер, и сл.
Оваа помош, според договореното помеѓу Владата и Сојузот на пензионери, е само вовед во најавеното зголемување, односно усогласување по нова методологија која треба да тргне од септември.
Според неа, усогласувањето треба да биде по два основа и тоа 50 % со порастот на животните трошоци и 50 % со порастот на просечната плата.
Ова значи дека просечната пензија која во моментов е 16.300 денари, ќе биде повискоа з аоколу 900 денари или за околу 5,5 %.