Синдикатот на Клинички центар, како грански синдикат за здравство при КСС дава целосна поддршка на предупредувачкиот протест кој ќе се одржи на 30.март. Според нив, покачувањето на минималната плата, без скалесто покачување на останатите плати води до нарушување на моделот за организирање на работните места во групи на сложеност и одговорност на работното место, соодветно на степенот на образование и стекнатите вештини.