ЈП-ја во Регионот се во криза каква што не се памети во последните 30 години. Досега лошото работење сега, уште полошо го направија непредвидено високите цени на струјата, горивата и сите останати трошоци. Тие сега се во ситуација да се борат за одржливост:
Освен со проблемот со цените на енергенсите, ЈП-ја се соочуваат и со директен притисок за зголемување на платите:
Ова се моменти на големи искушенија за ЈП-ја и секојдневна е дилемата дали без помош тие ќе можат да ја обавуваат основната активност или ќе се сведат на фирми кои само ќе делат плата
Ова, меѓу другото, значи дека ЈП-ја речиси ќе застанат со инвестиции и се ќе се сведе само на собирање смет и обезбедување вода за пиење.
Граѓаните ќе мора да се воздржат од поголеми очекувања , но истовремено ќе значи и редовно плаќање на сметките и дисциплина во граѓанското однесување, апелираат од комуналните претпријатија.