15.1 C
New York
Sunday, October 2, 2022

Buy now

spot_img

Државните мерки за вработување годинава тежат 30 милиони евра. Треба да обезбедат работа на 15.000 лица

Државните мерки за вработување годинава тежат 30 милиони евра што е за 5 милиони евра повеќе од лани:

Најголем интерес досега невработените покажале за мерката самовработување, па таа како најатрактивна се нуди и годинава. Дури една третина од вкупната сума, односно 10,9 милиони евра се предвидени за отворање на сопствени бизниси:

Мерката практикантство се проширува на 1.650 лица, младинскиот додаток предвидува по 3.000 денари за 3.500 млади до 23 години; со креирање на нови работни места се планирани дополнителни 1.700 позиции, а во план е и вработување на 350 лица со попреченост.

Сепак, иако невработеноста во Државата се намалува, според Армен Григоријан, постојан претставник на УНДП , слабата активност на пазарот на трудот и капацитетот за креирање одржливи работни места се одлики на македонската економија што станува уште повидлива во КОВИД и постковид времињата:

Лани, биле реализирани 94,6 проценти од мерките и програмите на Оперативниот план за вработување.

Вкупно беа вклучени 19.322 лица, од кои 7.135 се вработени, а 929 лица се стекнале со вештини коишто ги прават атрактивни на пазарот на труд. Според податоците и резултатите успешноста на гаранцијата на млади за 2021 година изнесува 41 процент.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,509FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles