Криминалците во некој периферни делови на Штип се во нова офанзива и нема ден кога граѓани не се жалат од нив. Месноста мирјанина црква и понатаму е нивната главна дестинација за кражба на дрва, а нивна мета се куќи и викендици во повеќе населби, се жалат граѓани на ТВ Стар.
Несигурноста од присуството на крадците овде е секојдневие се пожалија денес и жители од други улици во овој дел од градот. Дел од нив поради страв од лична безбедност не сакаа да зворуваат директно пред камера.
Други се одважија да одговорат.
Ова е главната рута низ која секојдневно се транзитираат десетици дивосечени кубни метри дрва за што пред десеттина дена расправаше и Советот за превенција на Штип и кога беше констатирано дека крај на овој криминал мора да му се стави. Дали во меѓувреме нешто се смени?
И за ова нашите соговорници инсистираа на овој начин да одговорат,чувајќи ја како што велат нивната лична безбедност…
Од СВР Штип велат дека овој терен е под постојана опсервација заедно со шумската полиција и практично секојдневно некој од крадците завршуваат во полицијата.
Од страна на СВР Штип во содејство на шумската полиција континуирано се вршат контроли и се превземаат мерки и активности за откриивање и спречување на незаконските дејствија поврзани со вршење на кривични дела односно со бесправна сеча на огревно дрво, информираат од СВР Штип…
Во меѓувреме соучесници во криминалот со дрва се и сите оние кои што купуваат нелегални дрва чија цена во моментов од 1.000-1.500 денари.