Албанското специјално јавно обвинителство за организиран криминал и корупција побара апсење на социјалистичкиот пратеник Алќи Блако за корупција, перење пари и злоупотреба на службената положба. За таа цел доставено е барање до законодавниот дом за одземање на пратеничкиот имунитет, а во меѓувреме Блако преку социјалните мрежи соопшти дека ќе се откаже од мандатот со цел невиноста да ја докаже како обичен граѓанин.