По подого време завршена е реконструкцијата на улицата Панче Караѓозов која во подолг период беше во прекин поради временските услови. Станува збор за реконструкција која опфаќаше менување на канализациона мрежа, асфалтирање и реконструкција на тротоарите кои чинат вкупно околу 13 милиони денари.
На оваа завршница овдешните жители чекаа долго време, но сепак задоволни од сработеното мислат дека ова е решение за подолг период.
Асфалтирањето во овој дел од градот продолжува и понатаму па Јорданов најави реконструкција и на други улици.