На изјавите за завршното асфалтирање на ул. Панче Караѓозов реагираа од СДСМ:
Ако општинските служби не го информирале градоначалникот Иван Јорданов, еве ние ќе го информираме дека средствата за реконструкција на улицата Панче Караѓозов се обезбедени од Владата на Република Северна Македонија, преку проектот за Поврзување на локални патишта во општините, што го реализира Министерството за транспорт и врски.
Исто така, преку овој проект освен Панче Караѓозов се реконструираат и крстосницата Сењак, а за улиците 5-ти Конгрес, улицата Браќа Даневи и улицата Солидарност во овој момент е тендерска постапка која што ја води Министерството за транспорт и врски. Вкупната вредност за реконструкција на сите овие улици е преку 53 милиони денари, обезбедени од централната власт.
Само за општина Штип, Министерството за транспорт и врски обезбеди 1,2 мил. денари.