Јадранскиот нафтовод соопшти дека во санкциите воведени кон Русија е вклучен и договорот за транспорт на сурова нафта склучен со Нафтената индустрија на Србија, по што е можен прекин на испораките на нафта за нафтената индустрија на Србија. Доколку тоа се случи, рафинеријата нема да може да продолжи со работа иако двете комопании имаат договор за соработка кој важи до 31 декември 2022 година.