Албанскиот премиер Еди Рама на денешната пленарна седница најави дека се прави студија со која ќе се разгледа можноста богатите домаќинства да плаќаат поскапа електрична енергија. За останатите домаќинста нема да има покачување на сметката за струјата и покрај енергетската криза и неповолната хидролошка состојба од која зависи домашното производство. Претходно Владата соопшти дека ќе мора да потроши околу 550 милиони евра за увоз на електрична енергија.