Тракторска приколка натоварена со борови трупци без соодветна документација е пронајдена во близина на беровското село Русиново. Од екипи на Шумско стопанство „Малешево“ приколката со трупците биле одземени за понатамошна постапка. Извршен бил увид од ОВР Берово на местото на настанот.