Градоначалникот Горан Трајковски ги презентираше резултатите на Општина Делчево од партнерскиот проект реализиран со Општина Блгоевград, „Енергетски ефикасно осветлување во регионот Благоевград-Делчево”. Вредноста на Проектот изнесува 380.000 евра. Општина Делчево постави нови 760 ЛЕД диодни светилки во 7 населени места во Делчево. Сменето е 45% од вкупното јавно осветлување и напрвен е заштеда од 60%.