За првпат од воведувањето на тендерските постапки, изведувачите масовно бегаат од нив. Тендерите кои досега беа синоним за големи добивка , сега за повеќето од компаниите се отворен ризик за загуби. Причина за ова е нестабилната економска состојба , непредвидливите цени на горивата и градежните материјали.
Фирмите кои сепак ќе се јават на тендерите, настапуваат со многу повисоки цени од предвидените.
Ова , неминовно ќе ја намали динамиката за изградба на некои објекти, особено на оние за кои тендери допрва ќе траба да се распишуваат.
Што сево ова за општините, граѓаните и компаниите значи е извесно, особено ако се знае дека дел од парите наменети за проекти, во некои општини ќе мора да се пренаменат за покривање на превисоките сметки за струја.
Сепак, дел од градоначалниците се категорични дека кризата и проблемите со кои се соочувата, нема да бидат на штета на граѓаните.