Признание и плакета за освоената европска титула денеска борачот на штипски Балканец Владимир Егоров доби од Агенцијата за млади и спорт. Несомнено дека оваа како што директорот на Агенцијата Наумче Мојсосвски ја нарече златна генерација уште долго ќе не радува на вакви и поголеми спортски успеси.
Европскиот шампион, видно возбуден само се заблагодари на сите за укажаната поодршка.
Штипската општина организираше свечен пречек на европскиот шампион во борење Владимир Егоров. Титулата европски шампион Егоров ја освои на неодамна оддржаното европско првенство во борење во Будимпешта, Републиока Унгарија. До титулата дојде откако на поени го победи противникот од Азербејџан.