14.8 C
New York
Sunday, October 2, 2022

Buy now

spot_img

Проценка за функционалноста на децата со аутизам и друг вид попреченост ќе се врши и во Штип

Наскоро, комплетна проценка на функционалноста на децата со аутизам и друг вид попреченост ќе се врши и во Штип. Истата ќе ја спроведува тим составен од едукатор, педагог, психолог, социјален работник и лекар и ќе биде во функција на сите општини од регионот. Се ова, точно ќе се знае на кое дете каков вид на поддршка и згрижување му е неопходно.

Ова беше кажано денес, на Светскиот ден на лица со аутизам. Инаку, во Штип веќе функционира дневен центар за деца со аутизам, каде се згрижени 7 дечиња.

Засега, нема точна бројка на тоа колку лица со аутизам живет во регионот или во Државата, зашто се уште не постои регистар за аутизам.

Сепак, станува збор за состојба која има растечка стапка на појавување од 10-17% годишно. Во светот 1 на 1000 лица се засегнати со Канеров аутизам, а 1 на 166 лица со аутистичен спектар на нарушувања. Според ова, груба  проценка е дека во Македонија би требало да има околу 12.000  лица со ова спектрално нарушување.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,509FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles