8 рудари загинаа, а над 20 се повредени во несреќа во јамата во рудникот Соко во близина на Сокобања. 65 рудари се извлечени од рудникот. Според неофицијални информации, окното во рудникот се урнало, а камениот материјал паднал и затрупал голем број рудари, од кои некои останале заробени од другата страна. Иако првично се зборуваше за експлозијата , последните информации говорат дека причина за смртта на рударите е труење со метан.