Се почесто граѓани го узурпираат просторот наменет за контејнери, па наместо на одредените локации, садовите за одлагање на смет завршуваат на улица. Последен пример за тоа е ул „Пиринска“ каде на местото наменето за контејнери, некој си паркирал приколка за трактор.