Сметките за плаќање струја ЕВН од нова година наваму не ги испорачува на време. Граѓаните реагираат дека непотребно на нив им се пролонгира плаќањето , ин се пореметува ритамот на плаќање и ги става во неизвесност.
„ ЕВН Македонија ги користи услугите на Македонска пошта за достава на фактури за потрошена електрична енергија до корисниците“, велат од ЕВН.
Освен доцнењето на сметките, чест проблем за граѓаните е и доставата на евидентно повисоки сметки од страна на ЕВН. Како овие грешки можат да се исправат.
„ На страницата evnonline.mk на многу брз и едноставен начин корисниците може да се регистрираат за добивање на фактурите за електрична енергија по електронски пат или да креираат кориснички профил „Мој ЕВН Хоме“ и во секое време да бидат во можност да преземат фактури. Со овие услуги фактурите ќе ги добиваат навремено и го ќе избегнуваат моментот на недобивање на истите“, појаснуваат од ЕВН
ЕВН работи во Македонија од 2006 година. ЕВН ги снабдува сите домаќинства во Македонија, како и компаниите кај кои бројката на вработени не надминува 50 лица.