17.2 C
New York
Monday, May 29, 2023

Buy now

spot_img

Општината и ромската заедница со повеќе проекти за подобрување на животот на ромите во општина Штип

Ромската заедница во нашето општество се смета за една од заедниците која е дискриминирана и со себе носи низа проблеми за чие решение е потребен поголем труд и напор. За нивна инклузија во општеството заедницата има повеќе проекти со кои се предвидува решавање на дел од проблемите кои ги имаат.

Подршка за ромите во општината има и од градоначалникот Иван Јорданов кој најави проекти со кој животот на ромите во нашиот град ќе се подобри и олесни.

Ова беше кажано на манифестацијата организирана од општината Штип по повод 8 април меѓународниот ден на ромите кој ќе биде одбележан со караван кој ќе помине и низ други општини во државата.

Инаку, според ромската заедница спроведениот попис и резултатите од него не коинцидираат со реалната состојба, бидејќи потенцитраат од таму во Штип живеат околу 5.000 роми,а  на пописот кој беше спроведен попишани се само 2.700 роми. Поради ова заедницата попис ќе спроведе дополнително.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,787FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles